Речиси 150 палестински затвореници во израелските затвори почнаа штрајк со глад во знак на протест против кршењето на нивните права.

Делегација на палестински затвореници од Палестинската ослободителна организација соопшти дека преговорите кои Управата на израелските затвори и претставниците на палестинските затвореници ги воделе во затворот Римон во изминатите два дена, биле неуспешни.

Во соопштението се наведува дека речиси 150 затвореници во затворите Ктзиот и Римон почнале штрајк со глад до исполнување на нивните барања.

Се истакнува и дека ставовите на Управата на израелските затвори да не попушти пред барањата на затворениците би можеле во наредниот период да доведат до штрајкови и во други затвори.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 10:48