Оваа недела се одржуваат најголемите избори во светот и едни помали, ама значајни. Следуваат најважните и најинтересните приказни во наредните седум денови.
1. Да се одложи или не?
Што се случува?
Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре за да разговараат за можноста за одложување на датумот за Брегзит.
Зошто е тоа важно?
Во теорија, Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ в петок: тоа се очекува, освен ако лидерите не се согласат со барањето на Тереза Меј за поместување на датумот.
На итниот состанок во Брисел ќе се дискутира за можна промена на датумот за 30 јуни, бидејќи членовите на британската Влада не успеаја да се согласат со условите за напуштање на ЕУ.
Тереза Меј верува дека е неопходно поместување на датумот ако Велика Британија сака да избегне напуштање на ЕУ без договор, сценарио кое, според мислењето на многу европски лидери и членови на британскиот Парламент, може да создаде голем број проблеми во трговијата и бизнисот.
Излегувањето на Велика Британија без договор в петок не изгледа како веројатно сценарио. Но, повторно, овој процес досега не се покажа како предвидлив.
2. Индија гласа …
Што се случува?
Гласањето на општите избори во Индија почнуваат в четврток. Колку е тешко да се организираат (со 900 милиони гласачи, тоа ќе биде најголемата демократска пракса во светот), изборите ќе траат сè до 19 мај.
Зошто е важно?
Иако Кина се води како најнаселена земја (1,39 милијарди жители), Индија наскоро ќе ја престигне (моментално има 1,34 милијарди жители). Кој и да победи на изборите, наскоро ќе ја предводи земјата со најголем број жители во светот.
Актуелниот премиер Нарендра Моди се надева дека повторно ќе биде на таа функција. Но, мислењата на аналитичарите се поделени околу тоа дали Моди ќе успее да освои мнозинство гласови, бидејќи се соочува со лидерот на опозицијата Раул Ганди.
3. … токму како и Израел ...
Што се случува?
Индија не е единствената земја, која ќе избира лидер – истото се случува и денеска во Израел, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху очекува да освои и петти мандат.
Зошто е важно?
Ако го победи Бени Ганц, поранешен началник на Генералштабот, Нетанјаху ќе стане премиер со најдолг стаж во Израел.
Истражувањата покажуваат дека би можело да дојде до тоа и дека десничарската коалиција на Нетанјаху може да дојде на чело.
4. … моментот пред слетувањето на Месечината
Што се случува?
Израелското вселенско летало ќе се обиде в четврток да слета на Месечината.
Зошто е важно?
Мисијата го означува почетокот на новата ера на истражувањата на вселената.
Ако израелскиот робот Берешит успее да слета на Месечината, тоа ќе биде првата успешна приватна мисија (досега само владините вселенски агенции од Америка, Русија и Кина успешно извеле слетување).
Берешит веќе направи еден голем чекор, влегувајќи во орбитата на Месечината, а Израел така стана седмата земја која успеа во тоа.
Ако слета, ќе направи фотографии кои веднаш ќе бидат испратени на Земјата и ќе изврши магнетски истражувања.