Велика Британија на европските лидери треба да им покаже поголем напредок во однос на Брегзит доколку сака да добие продолжување на рокот за излез од Унијата, изјави германскиот министер за европски прашања Михаел Рот.

– На крајот на краиштата, ние очекуваме суштински чекори во вистински правец изјави тој пред министерската средба во Луксембург, која е подготовка за утрешниот Самит на ЕУ.

-Засега, воопшто не е сменето ништо, истакна Рот, потенцирајќи дека понатамошно продолжување на рокот за истапување од ЕУ мора да биде придружено од „многу строги критериуми“.

Тој оцени дека за ЕУ ова е многу фрустрирачка ситуација, која мора да работи на своите планови за иднината.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 12:17