Камион кипер на фирма подизведувач на градежните активности на автопатот Охрид- Кичево, удри во новоизграден надвозник над коловозот, кај селото Песочан.

Станува збор за невообичаена случка, кога товарнот дел на камионот е оставен во позиција за истовар, а возилото во движење удира во надвозникот.

Направена е материјална штета, а истрагата ќе ја утврди причината за незгодата, дали се работи за невнимание на возачот или пак за некаков дефект на возилото.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 12:46