Повеќе од илјада меѓународни експерти за кибер безбедност од денеска до 12 април учествуваат во најголемата кибер вежба наречена „Блокирани штитови 2019“ во организација на НАТО.

Вежбата вклучува фиктивна земја Берилија која е соочена со координиран кибер напад врз цивилната инфраструктура додека се одржуваат национални извори. Задачата на тимот на НАТО ќе биде да се помогне во сузбивање на штетата и заштита на мрежата од нови напади. Вежбата се одржува во лабораториско опкружување.

Кибер вежбите како Блокирани штитови се можност за националните и кибер експертите на НАТО да вежбаат заштита на своите системи за информативни технологии и на клучните инфраструктури против кибер нападите.

– Таквиот вид на обука промовира и разбирање и координација помеѓу цивилните и воените експерти и носителите на одлуки во одговор на кибер заканите, се наведува во соопштението на Северноатлантската алијанса.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 12:50