Каио Џулио Чезаре Мусолини, правнукот на фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини, именуван по еден од најпознатите владетели на античкиот Рим, влегува во политиката како кандидат за европските избори на екстремно десничарската партија Браќа на Италија.

Лидерката на партијата, Џорџија Мелони минатиот викенд ја објави кандидатурата на Мусолини.

Покрај него, политички амбиции изрази и неговата братучетка Алесандра Мусолини, член на Европскиот парламент од партијата Форца Италија на Силвио Берлускони и Рахела Мусолини, член на Градското собрание на Рим.

Мелони рече дека протестите против најновото политичко деби на Мусолини го навело Фејсбук да го откаже неговиот профил.

Каио Мусолини денеска информира дека неговиот профил е обновен.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 14:01