Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија со своите активности на Арктикот никого не загрозува, туку само ја осигурува сопствената национална безбедност.

-Не работиме ништо, освен што ја чуваме безбедноста на нашата земја, рече Лавров на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

Тој нагласи дека целта на сите нивни активности на Арктикот се исти како и во кој било руски регион. Со нивното однесување, никој не е загрозен и оти Русите само сакаат да ја осигураат одбранбената моќ на земјата.

Лавров истакна дека Русија никому не му се заканува, туку само го одржува одбранбениот капацитет, земајќи ја предвид ситуацијата, која ја опкружува таа држава.

Според него, изјавите дека Русија наводно сака да го милитаризира Арктикот не се вистинити и тие напротив не гледаат никаква причина, која би барала зголемено внимание на НАТО.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 18:14