Нема воени тензии на Арктикот, иако НАТО спроведува големи воени вежби во регионот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, во одговор на прашањето на меѓународниот форум за Арктикот во Санкт Петербург.

-Не гледам никаква специфична воена напнатост на Арктикот, таму неа ја нема, рече рускиот лидер во одговор до модераторот.

Путин истакна дека НАТО спровел големи воени вежби во тој регион, додека Русија никогаш не практикува вежбите од тој дел на Арктикот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 18:37