Америкaнскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер попладнево во Тирана имаше одвоени средби со лидерите на двете најголеми опозициски партии,Демократската и Социјалистичкото движење за интеграција.

Лидерот на демократите Љуљзим Баша за средбата се огласи преку Твитер.

На средбата, според Баша, разговарале за состојбата во Албанија: нефункционирањето на Уставниот и Врховниот суд, криминалот, корупцијата и политичката криза.

– Заедничка определба за демократија, правна држава и благосостојба како единствен пат за стабилност и Албанија во ЕУ, напиша Баша.

Лидерката на ЛСИ, Моника Круемади по средбата изјави дека разговарале за состојбата во земјата, како и извештаите на Стејт департментот за борбата против корупцијата, за заробената држава од криминалот и за други проблеми.

– Господинот Палмер не дојде за да даде решение за кризата. Не заборавете нашите проблеми ќе ги решиме ние Албанците еден со друг, изјави Круемади на прашањето дали Палмер предложил решение за кризата во која се наоѓа Албанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 18:58