Актерката Фелисити Хофман призна дека е виновна во судскиот процес за поткуп против неа и неколкумина други, кои, наводно, потплатувале престижни универзити за прием на нивните деца.
– Се изјаснувам дека сум виновна по обвиненијата на Обвинителството на САД. Целосно ја прифаќам одговорноста за мојата вина и, со длабоко каење и срам ги прифаќам сите последици од сè што сум сторила, изјави глумицата.
Таа натаму изрази жалење и за болката што ѝ ја нанела на својата ќерка, на своето семејство и пријателите.
– Ќерка ми не знаеше ништо за она што го правев и, имајќи го предвид исклучително лошиот пат по кој тргнав, ја изневерив… Неправдата кон неа и јавноста ќе ја носам цел живот. Мојата желба да ѝ помогнам, не е изговор за кршење на законот, ниту за нечесноста, нагласи Хофман.