Алжирскиот Парламент назначи привремен лидер кој ќе го замени поранешниот претседател Абделазиз Бутефлика, кој минатата недела поднесе оставка под притисок на продемократското движење кое доби поддршка од армијата.

Парламентот денеска го назначи Абделкадер Бенсалах, претседател на Горниот дом на Парламентот, за шеф на државата на максимум 90 дена, како што е наведено во Уставот, до организирање нови избори.

Бенсалах беше главен сојузник на Бутефлика.

Поголем дел од опозицијата се воздржа од денешното гласање.

Алжирските студенти повторно протестираа во главниот град Алжир.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2019 19:51