Апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот на Анкара со Москва за набавка на руски противвоздушни системи С-400, оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.

– Апсурдно е да се доведува во прашање членството на Турција во НАТО, поради договорот за С-400 со Москва, изјави Чавушоглу во интервју за турската телевизија НТВ.

Шефот на турската дипломатија нагласи дека руските системи за противвоздушна одбрана С-400 што ќе станат дел од Вооружените сили на Турција, нема да бидат во колизија со ракетните системи на НАТО.

Осврнувајќи се на заканите и критиките на САД, кои се против зделката меѓу Анкара и Москва, Чавушоглу нагласи дека ако Вашингтон се откаже од договорот за продажба на американски ракети „Патриот“ и ловци Ф-35 на турската Армија, Турција би можела да купи дополнителен број С-400 или некои други системи.

– Турција ќе треба на други места да бара начини за задоволување на потребите за својата одбрана, истакна Чавушоглу.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 11:27