Во пожари на територијата на Русија во текот на минатата година животите ги загубиле речиси 7.300 лица, соопшти денеска рускиот Истражувачки комитет врз основа на анализата на смртни случаи при огнени стихии.

– Рускиот Истражувачки комитет доби 6.286 извештаи за смртни случаи во пожари во 2018 година, а вкупниот број на загинати изнесува 7.296, се наведува во соопштението.

Меѓу жртвите на пожарите лани имало 458 малолетници, што е за речиси сто повеќе во однос на 2017 година, кога при огнени стихии загинале 359 малолетници.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 12:48