„Фаличен пансион” (Fawlty towers) е прогласена за најдобра британска хумористична серија на сите времиња, според 42 стручни ТВ лица кои го дале своето мислење за списанието „Рејдио Тајмс“.

„Монтипајтоновецот“ Џон Клиз во оваа серија го глумеше главниот лик Базил Фолти, а неговите куси реплики станаа британски фолклор.

Серијата се прикажуваше само во две сезони – 1975 и 1979 година, но времето и честите репризирања покажаа дека се работи за безвременска класика.

На второ место на листата, се најде серијата „Отец Тед”, а на трето место – „Јас сум Алан Партриџ” со Стив Куган во насловната улога.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2019 17:21