Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман веќе не е посакуван во Барселона поради целата сага околу него, која се разигра минатата сезона.
Французинот беше поврзуван долго време со Каталонците и дури нивната ѕвезда Лионел Меси направи јавен коментар дека би се радувал да го види на „Камп Ноу“.
Гризман дал ветување за трансфер, а Барса можеше да го земе за 100 милиони евра. Но, потоа тој се премисли и реши да остане на „Ванда Метрополитано“, иако веќе ја договорил и платата со раководството на Барса.
Однесувањето на Антоан воопшто не било прифатено добро од асовите во совлекувалната на Барселона. Тие веќе не сакаат тој да се приклучи на тимот, а раководството е свесно за нивната желба.