Се поголем број Чеси сметаат дека во таа земја живеат премногу странци, покажа истражувањето на јавното мислење спроведено од ЦВВМ во март.

Според резултатите од истражувањето, околу 40 отсто од испитаниците сметаат дека има премногу странци кои живеат во Чешка, а минатата година такво мислење имале 35 проценти.

Според ЦВВМ, над 20 проценти од странците живеат во чешкиот главен град Прага.

Резултатите од последното истражување објавено вчера покажаа дека околу 50 проценти од испитаниците сметаат дека странците во Чешка се економска потреба и не претставуваат никаков проблем.

Како што се наведува, 75 отсто од анкетираните сметаат дека странците во Чешка треба да ги усвојат вредностите на чешкото општество што е можно повеќе, додека само два проценти одговориле оти странците не мора воопшто да ги прифаќаат тие вредности.

Во Чешка има околу 660.000 странци со дозвола за постојан престој.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 09:37