Албанските државјани Е.М.(20) и Ш.М.(56) се приведени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ при обид за илегално преминување на државната граница од Република Северна Македонија кон Република Албанија.

Како што соопшти МВР, тие биле приведени во 12:40 часот кај место викано „Кривска крстосница“. Двајцата биле предадени на инспектор при Регионалниот центар за гранични работи Запад за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 11:25