Финансиските технологии, како што се дигиталните валути очигледно „го тресат“ банкарскиот систем и мора да се надгледуваат за да се зачува стабилноста, изјави денеска директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард.
Таа предупреди дека таквите промени во финансиската индустрија мора да бидат проследени со регулативи.
– Не сакаме иновации кои би го затресле системот во толкава мера за да ја изгубиме неопходната стабилност, наведе Лагард.
Стартап фирмите и големите технолошки компании се повеќе обраќаат внимание на банкарскиот сектор, а Фејсбук наводно развива сопствена крипто-валута, додека Епл минатиот месец претстави сопствена кредитна картичка во партнерство со банката „Голдман Сакс“.
– Технолошките компании кои влегуваат во банкарскиот простор мора да бидат подложни на регулативи, посочи Лагард.