Поранешниот американски разузнувач и „свиркач“ Едвард Сноуден оцени дека апсењето на основачот на Викиликс Џулијан Асанж претставува „мрачен момент за слободата на печатот“ .

„Фотографиите од еквадорскиот амбасадор кој ја повика британската тајна полиција во Амбасадата за д аго извлече од зградата издавачот, дали тоа ви се допаѓало или не, наградуван за новинарство – ќе заврши во учебниците по историја. Критичарите на Асанж може да се радуваат, но ова е мрачен момент за слободата на печатот“, напиша Сноуден на Твитер, кој е во азил во Русија од 2017 година.

Тој потсети дека Обединетите нации соопштиле дека неговото апсење би претставувало кршење на човековите права и побараа да му се овозможи да се брани од слобода.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 15:08