Постои голем ризик основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да биде екстрадиран во САД, каде е обвинет за објавување на доверливи воени и дипломатските документи, изјави адвокатот на Асанж, Пер Самуелсон за шведската државна телевизија СВТ.

Тој апсењето на Асанж го оцени како целосно неприфатливо.

– Гледаме јасни знаци кои укажуваат дека Американците сакаат да го осудат или веќе го осудиле. Ајде да видиме дали оваа загриженост е оправдана или претерана, посочи Самуелсон.

Тој додаде дека „мора да постои таен налог за испорака упатен од Американците или можеби досега е примен налогот. Ќе го дознаеме тоа во следните неколку денови. Се до денеска САД успеваа тајно да ја играат својата игра, но сега повеќе не се во можност тоа да го прават, наведе адвокатот на Асанж.

– Британската полиција денеска Асанж откако ја напуштил зградата на Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде престојуваше изминативе седум години.

Во соопштението на британската полиција се наведува дека 47-годишниот Асанж бил уапсен врз основа на налог на Судот во Вестминстер издаден на 29 јуни 2012 година, затоа што не се јавил на суд во предвидениот термин.

Апсењето на Асанж следи откако властите на Еквадор соопштија дека решиле да му го укинат азилот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2019 15:21