Израелскиот вселенски брод Берешит не успеа да слета на Месечината. Роботот се урна, соопшти тимот, кој ја следи мисијата.

Берешит требаше да го направи првото слетување на Месечината од страна на приватна компанија. Досега тоа им успеа само на државните мисии на САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.

Според тимот, Берешит имал низа технички проблеми во завршната фаза од мисијата.

Инаку, израелската мисија изнесуваше 100 милиони долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 09:25