Тибетскиот духовен лидер Далај Лама денеска е отпуштен од болница во индискиот главен град Њу Делхи, каде што беше хоспитализиран пред два дена поради воспаление на белите дробови.

Претставник на болницата соопшти дека 83-годишниот лауреат на Нобеловата награда за мир бил отпуштен откако заздравел од белодробната инфекција.

Далај Лама на почетокот на 1959 година побегна во Индија, по неуспешното востание во Тибет против кинеските власти и од тогаш живее во северноиндискиот град Дарамсали.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 10:25