Министерката за внатрешни работи на Еквадор, Марија Паула Ромо изјави дека е уапсено едно лице под сомнение дека е клучен играч на Викиликс.

– Лице блиско до Викиликс, кое имаше виза за престој во Еквадор уапсено е додека се подготвуваше да патува за Јапонија, напиша Ромо на Твитер.

Таа не го именува уапсениот, само наведе дека е осомничен дека ковал заговор против Владата на Еквадор. Ромо исто така наведе дела уапсениот неколку години живеел во Еквадор и оти често патувал за Лондон.

Тој е приведен едноставно поради истражни причини, посочи Ромо.

Неиемнуван владин претставник изјави дека уапсениот на аеродромот во Кито е шведскиот програмер Ола Бини.

Апсењето во Кито се случило само неколку часа по апсењето на Џулијан Асанж во Лондон, откако Владата на Еквадор му го укина азилот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 11:06