Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи вонредна седница за состојбата во Судан, соопшти портпаролот на Мисијата на Русија при ОН, Фјодор Сржижовски.

На барање на САД и ЕУ седницата на Советот за безбедност на ОН за Судан ќе се одржи зад затворени врати.

Суданската армија вчера изврши воен удар, при што го собори од власт долгогодишниот претседател Омар ал-Башир, го суспендира Уставот, ги распушти Парламентот, Владата и органите на локалните власти и прогласи тримесечна вонредна состојба. Армијата формиран воен совет, кој, според најавите, ќе управува со земјата во следните две години.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 11:23