Белгиските работници се најоданочените во развиениот свет, според последниот извештај на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Белгиските плати биле највисоко оданочени во 2019 година од сите 36 земји членки на ОЕЦД, повеќе и од Германија, Италија и Франција, открива извештајот. Анализата се однесува на данокот на плата, но и на социјалните придонеси што ги плаќаат и вработените и работодавачите.

На дното на списокот, со најниски стапки се Мексико, Нов Зеланд и Чиле. На ниво на ЕУ, најниска даночна стапка имаат Обединетото Кралство и Ирска.

Во Белгија во најнезавидна положба се луѓето кои не се во брак, за кои даночниот притисок е далеку над просекот на ОЕЦД земјите. Стапувањето во брак значително го намалува овој притисок од 53 отсто на 37 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 15:05