Според новиот закон кој денеска е усвоен, британските граѓани би можеле да бидат казнети со до 10 години затвор доколку патуваат во зони означени како конфликтни.

Законот за спречување тероризам и безбедност на границите има за цел да се занимава со заканите што ги претставуваат поединци кои заминуваат во странство да учествуваат во борбите. Мерката нема да дозволи ретроспективно кривично гонење и на тој начин ќе бидат изземени оние кои се бореле со џихадистичката група Исламска држава.

Исклучоци ќе важат за новинари, хуманитарни работници и лица „со добра причина“, како што се луѓе кои сакаат да присуствуваат на погреб.

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид изјави дека законот и овозможува на „полицијата овластувања за навремено да откријат терористички заговори и да обезбедат оние кои сакаат да ни наштетат да бидат казнети“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 18:54