Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека едногласното отфрлање на Меѓународниот кривичен суд да покрене истрага за наводните воени злосторства на Америка во Авганистан претставува „голема меѓународна победа”.
-Ова е голема меѓународна победа, не само за патриотите, туку и за владеењето на правото, изјави Трамп.
Трамп ја поздрави одлуката на судот и го предупреди да не се обидува да гони Израелци или Американци, поради жалбите на Палестинците, кои побараа истрага за Израел. Истражители од Меѓународниот кривичен суд во ноември 2017 година побараа дозвола да почнат истрага за наводните злосторства извршени во Авганистан од 1 мај 2003 година, вклучувајќи ги и земјите каде што биле држени затвореници на ЦИА.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео претходно најави санкции за членовите на Меѓународниот кривичен суд, кои се занимаваат со истрага за можни воени злосторства од страна на американските сили или нивните сојузници во Авганистан.
Помпео синоќа рече дека членовите на судот на ОН ќе им бидат укинати визите и дека ќе бидат спроведени и дополнителни мерки, вклучувајќи и економски санкции, ако Меѓународниот кривичен суд не го промени својот курс.
Судот, со седиште во Хаг, одговори дека е независна и непристрасна институција и ќе продолжи да работи без оглед на мерките на Вашингтон.
Организацијата Хјуман рајтс воч оцени дека одлуката на Вашингтон е „насилен обид да се казнат истражители” на судот