Кремљ ќе издвои околу 388 милиони долари за изградба на Национален вселенски центар во Москва, во кој ќе се отворат 20.000 нови работни места.

Тоа го изјави рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата на државната фабрика за ракети „Енергомаш“.

– Проектот ќе чини околу 25 милијарди рубљи (388 милиони долари), а очекуваме до 2022 година да го имаме нацртот на центарот. Сакаме, а и јас се надевам дека тој ќе изгледа величенствено и достојно за нашата вселенска индустрија. Дури и нашите научни и образовни капацитети ќе бидат тука концентрирани, нагласи Путин.

Шефот на руската држава додаде дека верува оти овој центар може и мора да има светска репутација и ќе биде фасцинантно за младите експерти да работат во него, а ќе се отворат и околу 20.000 нови високо квалификувани работни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2019 13:47