Неделникот „Тајм“ денеска ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2019 година. Листата опфаќа пет категории: пионери, лидери, артисти, титани и икони.

Новиот рејтинг во категорија лидери, во кој обично се вклучени политичари, е предводен од демократката Ненси Пелоси, спикер на Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Покрај неа во оваа категорија се и американскиот претседател Доналд Трамп, премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, претседателот на Кина, Си Џинпинг, крунисаниот принц на Абу-Даби, шеикот Мухамед бин Заид.

Потоа, на оваа листа се и папата Франциско, лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гуаидо, американскиот специјален обвинител Роберт Малер, како и Александрија Окасио-Кортез, најмладата конгресменка на САД.

Како оваа така и минатата година од листата е изоставен рускиот претседател Владимир Путин, кој досега се наоѓаше шест години помеѓу 100. највлијателни луѓе.

Категоријата пионери ја предводи сценаристката и продуцентка Сандра Ох, категоријата артисти е предводена од актерот Двајт Џонсон, додека прва во категоријата икони е Тејлор Сфивт. На прво место во категоријата титани е фудбалерот Мухамед Салах.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 17:08