Светската музичка индустрија заработила 19,1 милијарди долари во 2018 година, најмногу од 2006 година, соопшти Меѓународната федерација на фонографски индустрии (ИФПИ).

Приходите на музичките издавачи минатата година се зголемија за 9,7 отсто во однос на највисоката заработувачка остварена во 2006 година. Тоа зголемување првенствено се должи на силниот раст на приходот од дигиталното музичко емитување т.н. стриминг, што сега опфаќа речиси половина од заработката од снимената музика.

Продажбата на дигитална музика, албуми и синглови е во опаѓање, додека во исто време физичките носачи на звук продолжуваат да генерираат околу една четвртина од приходите, соопшти ИФПИ.

Најголем светски пазар е САД, по што следуваат Јапонија, Велика Британија, Германија, Франција, Јужна Кореја, Кина, Австралија, Канада и Бразил.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/04/2019 18:36