Поп-пејачката и глумица Лејди Гага во февруари ја раскина свршувачката со Кристијан Карино.

Гласините говореа дека единствената причина за тоа е наводна врска на Лејди Гага со Бредли Купер, нејзиниот колега од филмот „Ѕвездата е родена”, но таа тврди дека, сепак, тоа не е вистина.

Во неколку интервјуа, таа изјави дека честопати кога во животот ѝ требало поддршка од свршеникот, не ја добила, а во последното, она за женското списание „Воменс хелт“ (Women’s Health), пејачката открива дека од Карино добивала само љубоморни испади.

Како што тврди Лејди Гага, Карино бил „многу љубоморен и постојано морал да знае каде е таа и што точно прави“. Тој непрекинато ѝ ѕвонел и ѝ праќал пораки, што нејзе никако не ѝ се допаѓало.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 18:04