„The Backdoor Band" се едни од ретките, ако не и единствените во нашата држава кои сеуште ги негуваат звуците на "рок" музиката. Дечките кои што зрачат со позитивна енергија откако ги завршија турнеите кои ги имаа низ Германија, Норвешка и Данска се насочија кон реализација на авторски теми.

Охриѓаните Жарко Јакимоски (вокал, бас гитара), Лазе Фармакоски (гитара) и Никола Кољушевски - Ози (тапани) кои и се добро познати на македонската публика пред се по настапите кои ги имаат низ државата, вчера го промовираа својот нов видео запис за нивната авторска песна која е насловена како "Брзај".

Вокалот Жарко Јакимоски е автор на текстот и ко-автор на музиката заедно со гитаристот Лазе Фармакоски додека аранжманот на "Брзај" е дело на сите членови на „The Backdoor Band".

За комплетното снимање, микс и мастер на аудиото се погрижи Ивица Јанкулоски од студиото "Алшар", додека пак режисерската палка и комплетата доверба за видео записот му беше доверена на Пеце Настески.

"Комплетниот тим одлично си ја заврши својата работа" - истакна Николa.

Ова рокенрол парче е нивно шесто авторско дело, но како што и самите изјавија, тука не запираат. За Макпрес тие потврдија дека во тек се снимањата на уште неколку авторски песни по што ќе следува и промоција на нивниот дебитантски албум.

Вам ви останува да ја слушнете "Брзај" и секако да се придржувате до слоганот на "Бегдорци": "ALL FOR ONE - ONE FOR ALL , ALL WE NEED IS ROCK N ROLL"

Бојан Галевски



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 11:19