Џон Траволта на Инстаграм ги поздрави обожавателите на мјузиклот „Треска на саботната вечер“ (1977), по повод – 16-милионитиот примерок од филмската музика продаден во САД.

Главниот актер во филмот, Траволта, 42 години подоцна нема коса. Но сепак, ги потсети своите обожаватели на легендарниот мјузикл, фотографирајќи се во препознатлива поза на неговиот лик Тони Манеро.

Актерот во коментарот до фотографијата напиша: „Било да си мајка или брат, живеј го животот“ (Stayin’ Alive).

Во светски рамки, саундтракот „Stayin’ Alive“ е продаден во над 45 милиони примероци.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 16:37