Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Роберто Манчини, му ја честиташе на Јувентус новата шампионска титула, осма по ред.
– Честитки! – напиша Манчини на својот Твитер.
„Бјанко-нерите“ вчеравечер во натпреварот од 33. круг на Серија А ја победи Фиорентина со 2:1 и теоретски го обезбеди Скудетото.
Клубот од Торино има 87 бода, 20 повеќе од второпласираниот Наполи кому му остануваат уште шест средби до крајот.
Јувентус стигна до 35. трофеј во Италијанскиот фудбалски шампионат.