Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема постигна хет-трик на денешниот натпреварот со Атлетик Билбао во шпанската Примера. За францускиот напаѓач ова е прва средба на која погодил три пати по пауза од три и пол години.

Реал го доби мечот со 3:0.

Последен пат Бензема успеа да даде три гола на еден натпревар на 20 декември 2015 година во првенствен натпревар против Рајо Валекано (10: 2).

Оваа сезона, Бензема одигра 50 натпревари и постигна 30 гола во сите натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2019 20:00