Раководството на Интер веќе го направило својот избор за заменик на Мауро Икарди, кој речиси сигурно ќе го напушти тимот по крајот на сезоната.
Иако убедувањата на сопругата на напаѓачот, Ванда Нара дека Аргентинецот ќе остане во Интер и следната кампања, сепак „нероазурите“ се насочени кон напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку.
Според „Тутомеркато“, гигантот од Милано е подготвен да плати 50 милиони евра за правата на белгискиот репрезентативец, кој се приклучи на „црвените ѓаволи“ во текот на летото на 2017 година.
Проблем во преговорите може да биде високата плата на Лукаку, која мора сериозно да ја намали, доколку сака да го облече дресот на Интер следната сезона.