САД најостро ги осудуваат терористичките напади што во Шри Ланка се случија на католички Велигден, соопшти американскиот Стејт департмент.

– Напади врз невини луѓе во тек на богослужба или празничен ручек ги погазува сите универзални вредности и слободи за кои сите ние се застапуваме. Тоа уште еднаш ја покажува бруталната природа на радикалните терористи, чија цел е закана по мирот и безбедноста, се вели во соопштението.

САД изразуваат најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на загинатите и им посакуваат брзо заздравување на повредените.

Во соопштението се посочува и дека неколкумина од жртвите се државјани на САД.

– Додека подробностите од овие напади се уште излегуваат на виделина, потврдуваме дека неколкумина американски државјани со дел од загинатите, наведува Стејт департментот.

Во соопштението се додава дека Американската амбасада во Шри Ланка работи напорно да им укаже помош на државјаните на САД и нивните семејства погодени од нападите.

– Овие сурови напади се јасен потсетник зошто САД остануваат одлучни во борбата за спречување на тероризмот. Ја даваме нашата поддршка на напорите на Владата на Шри Ланка да се спротивстави на екстремизмот, а извршителите да бидат изнесени пред лицето на правдата, се вели во соопштението на Стејт департментот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 19:57