Земјотрес со јачина од 5,3 степени е регистриран на западниот брег на Канада, соопштија утрово властите.

Првиот послаб земјотрес е регистриран во 1 часот и 27 минути по локално време, на 166 километри западно од Порт Елис во Британска Колумбија.

По еден час, е регистриран уште еден земјотрес во истата област, чиј епицентар бил на длабочина од 10 километри.

Нема информации за повредени или штети, ниту е издадено предупредување за цунами.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2019 12:51