На брегот на Дебарско Езеро во месноста наречена „венец“ вчера е пронајдена стара експлозивна направа, рачна бомба.
Случаен минувач експлозивната направа ја забележал во 13:35 часот по што пријавил во Полициската станица од општа надлежност во Дебар.
– Подрачјето беше обезбедено од полициски службеници се до 18 часот, кога овластено службено лице од Дирекцијата за заштита и спасување изврши безбедно подигнување.
Констатирано е дека се работи за рачна бомба од италијанско производство што потекнува од Втората светска војна, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.