Истражување на британскиот Национален центар за високотехнолошка безбедност покажа дека милиони луѓе ја користат шифрата што најлесно се помни – „123456″, но е и најраспространета меѓу хакираните профили.

Многу други Британци пак, како лозинка го одбрале називот на својот омилен клуб, на пример – Ливерпул или пак, некое лично име.

– Луѓето кои користат добро познати зборови или имиња како лозинка, се доведуваат себеси во опасност. Никој не треба да ги штити чувствителните податоци со нешто што би можело лесно да се погоди, како што се тоа лично име, фудбалски клуб или пак, омилениот бенд, изјави Ијан Леви, технички директор на Центарот.

Комбинацијата „123456“ се појавува во 23 милиони хакирани профили. Втората најпопуларна комбинација е „123456789“, а потоа – „qwеrty“, „password” и „1111111“.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2019 19:40