Изборната комисија на Египет соопшти вечерва дека гласачите на референдумот ги прифатиле уставните измени, кои можат да му овозможат на претседателот Абдел Фатах ал Сиси да остане на таа функција до 2030 година.

Критичарите сметаат дека референдумот е уште еден чекор кон враќање на авторитарното владеење, осум години по продемократскиот бунт.

Претседателот на Изборната комисија, Лашин Ибрахим изјави денеска дека 88,83 отсто од граѓаните гласале за уставните измени, а излезноста била 44,33 проценти.

Референдумот се одржа од 20 до 22 април, со цел да се зголеми излезноста.

Со измените се предвидува продолжување на претседателскиот мандат од четири на шест години, но и посебна измена, која сегашниот мандат на Сиси ќе му го продолжи на шест години и ќе му дозволи учество на изборите во 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 09:52