Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека Москва ќе ги спроведе сите неопходни мерки за да одговори на чекорите кои НАТО ги презема во близина на руската граница.

– Ве уверувам дека ќе преземеме правовремени мерки, кои не мора да бидат симетрични со чекорите на НАТО, истакна Шојгу.

Според него, во политиката на Алијансата е доминантно претставувањето на Русија како најголема закана за Западот, според принципот „верувам во она што го измислив“. Тој вели дека во НАТО ја измислиле руската закана со која се плашат сами себе.

Рускиот министер тврди дека НАТО презема практични чекори, како што се развивање воена инфраструктура во близина на границата со Русија и зголемена активност на Алијансата на Црното и Балтичкото Море.

Тој оцени дека таквите чекори доведуваат до раст на тензиите и бараат адекватен одговор од Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 11:49