По неколкунеделно институционализирано лекување, поп-ѕвездата Бритни Спирс е видена на Велигден во друштво на своето момче и, како што пишува „Е онлајн” – „релаксирана, опуштена и во тотален зен”.

Поп-пејачката при крајот на март самата се пријавила во психијатриска установа, поради стрес предизвикан од болеста на нејзиниот татко. Викендов таа била забележана и фотографирана со нејзиното момче Сем Асгари, пред хотелот „Монтаж“ во Беверли Хилс, Лос Анџелес.

– Бритни сѐ уште изгледа по малку изгубено. Кога излезе од хотелот, изгледаше среќно и опуштено, а Сем ја водеше и ѝ отвораше врата, открива неименуван извор за порталот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 16:41