Австралиски тим научници предводен од д-р Стјуарт Макфарлан, од Универзитетот на Мелбурн, ги препорачува песните како „Good Vibrations” (од американската група „Бич бојс”) или „Close to Me” (од британската „Кјур”), како најпогодни да нè будат наутро.

Класичната музика, исто така, не е за занемарување. Инструменталки како „За Елиза” на Лудвиг ван Бетовен или „Четирите годишни времиња” на Антонио Вивалди ќе го прекинат нашиот сон на најпријатниот можен начин. Може да се будиме и со звуците на природата, на пример, со птичјо пеење.

Според стручните лица, мелодичните, но и ритмични песни влијаат на озокот и на концентрацијата, додека сè уште сме сонливи, па тоа ќе ни овозможи и поуспешен работен ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 17:07