Осум кандиндати за претседател од демократите денеска ќе настапат на иста сцена на форум во Хјустон каде ќе се дискутира за правата на црномурестите жени во САД, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На иста сцена еден по друг, ќе се појават сенаторот Берни Сандерс, поранешниот конгресмен Бето О’Рурк, сенаторките Камала Харис, Кори Букер, Ејми Клобучер и Елизабет Ворен, конгресменката Тулси Габарад, како и Хулијан Кастро, паранешен член на кабинетот на екс-претседателот Барак Обама.

Сите тие се учесници во трката за номинација на претседателски кандидат од Демократската партија кој ќе му се спротивстави на Трамп на изборите во ноември 2020 година.

Настанот е организиран од иницијативата „Таа народот“, група на жени кои се борат за правата на афроамериканските жени во САД, и ќе се одржи во Универзитетот на Јужен Тексас. Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на Фејсбук страната на „Таа народот“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2019 18:51