Во организација на Институтот за стратегија и развој (ИСД), денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Економските предизвици и ефекти од евроатланските интеграции“.

Целта е да се поттикне дебата за можните економски предизвици со кои земјава би се соочила во процесот на евроинтеграција.

Тркалезната маса, според организаторот, ќе биде своевиден форум на кој политичарите, академиците, претставниците на бизнис заедницата и младите ќе имаат можност отворено да разменуваат мислења за прашања од суштинска важност за економската иднина на земјата, а на неа ќе се обрати и премиерот Зоран Заев.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2019 09:47