Од 1-ви јануари наредната година, на териториите на општините Гевгелија,Валандово,Богданци и Дојран ќе функционираат агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина.
Проектот е одреден како приоритетен во рамки на програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој,финансиски ќе го подржи Швајцарската агенција за развој и веќе е потпишан за реализација од страна на градоначалниците од четирите општини.
Агрометеоролошките станици на земјоделците ќе им ги даваат сите потребни информации за временската состојба и какви мерки треба да се преземат за заштита на посевите.
Трошоците за одржување на агрометеоролшките станици ќе ги покриваат општините на чија што територија ќе бидат поставени во зависнот од бројот на застапените земјоделски култури