Луѓето кои ја изгубиле способноста за говор поради мозочен удар или некоја друга медицинска причина, наскоро ќе можат повторно да зборуваат благодарение на технологијата.

Се работи за метода која ја користи активноста на мозокот за да произведе синтетизиран говор, соопштија истражувачи од Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско.

На доброволци им биле вградени електроди во мозокот, што успеале да ги дешифрираат сингналите во центрите за говор. Потоа следи компјутерски симулирана верзија на вокалниот тракт – усни, вилица, јазик и грло, односно генерирање говор преку синтисајзер.

– Бевме во шок кога првпат ги чувме резултатите. Неверојатно е како повеќето аспекти на вистинскиот говор ги имаше во она што го произведе синтисајзерот, изјави еден од истражувачите, Џош Чартиер.

Сепак, синтетичкиот говор бил прилично нејасен, но научниците веруваат дека се можни подобрувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/04/2019 17:16