Италијанското архитектонско студио Аркитренд креираше куќа со базен на провиден покрив во малтешкиот приморски град Сент Џулијанс.
Резиденцијата е изградена од армиран бетон, а на предната страна има стаклена фасада која ја издвојува од околните зданија. На местото каде што се наоѓала кровната тераса која е урната и реконструирана, е вграден провидниот базен.
Опколена со дрвена палуба, терасата нуди панорамски поглед на морето и на главниот град на Малта, Валета.