Министерството за внатрешни работи информираше дека патник бил нападнат од возач на „приватен“ автобус.

Вчера во 22.00 часот М. Ш (55) пријавил дека околу 17.10 часот на бул.Партизански одреди, на автобуска станица, бил физички нападнат од возач на „приватен“ автобус, што се движел во правец од Центар кон Ѓорче Петров.

Полицијата работи на расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2019 02:41